Македонија Топ вести

Инцидент на пресконференцијата на штипскиот градоначалник

Пред камерите се случи инцидент и упад во прес конференцијата на штипскиот градоначалник, Сашко Николов, токму на стогодишната на  Противпожарниот дом. Поранешниот пожарникар, Александар Ѓеорѓиевски упадна на пресот, барајќи одговори од Николов.

Страстите се смирија на двете страни, па пресот продолжи, по што Ѓеорѓиевски побара одговор, зошто Николов не му одговорил на неговите барања повторно да се врати на работното место во Противпожарниот дом, со ветување дека платата ќе ја донира во хуманитарни цели.

Ѓеорѓиевски побара и одговори дали локалната власт знае во каква состојба е Противпожарниот дом и кога пожарникарите ќе добијат нова опрема.

Штипскиот градоначалник најави и дека наскоро ќе пристигне и новото противпожарно возило,а хуманираната работа на Ѓеорѓивски ќе биде вклопена во Солидарниот фонд. Неколку минутната дебата заврши со ракување.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уставниот суд им одговори на независните: Не сме надлежни за предлог- законите

Дејан Дејан

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Агенцијата „Рубикон“ е затворена по пожарот во „Пулс“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе