Македонија

Бугарија останува отворена на прагматичен дијалог со Македонија, му пренел бугарскиот амбасадор на Османи

Министерот Бујар Османи денеска се сретна со бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов.

Ангелов му рекол на Османи дека Бугарија останува отворена за прагматичен дијалог со Македонија, кој треба да ја врати довербата меѓу двете земји, и да ја интезивира билатералната соработка.

Како што соопшти бугарското министерство за надворешни, на својата интернет страница, во разговорот беа потврдени бугарските национални позиции дека одржувањето на добрососедските односи и гаранции за спроведување на договорот за добрососедство, се врвни приоритети на Бугарија.

Додаваат и дека министерот Бујар Османи, очекува скора средба со неговиот бугарски колега.

Од македонското МНР, пак, велат дека дијалогот треба да продолжи и со техничката влада.

Остануваме посветени да изградиме  доверба која ќе ги отстрани пречките за европските интеграции на Македонија, соопшти македонското МНР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Пациентката со рак на бели дробови прими втора хемотерапија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе