Македонија Топ вести

Како Законот за легализација ќе ги запре моќниците и урбаната мафија?

Судирот околу Законот за легализација на дивоградбите продолжува.Јавноста и експерти од една страна бараат итно запирање на постапката власта и надлжените од друга страна пак се обидуваат да внесат измени со кои би ги задволиле граѓаните и потоа да го изгласаат во Собранието.

Со законот за легализација ќе биде опфатена државна инфранструктура, училишта и градиники, кои се водат како дивоградби  велат надлежните и уверуваат дека ќе се легализираат само куќи а не и станбени згради.

Властите шпекулираат со бројка од 70 илјади дивоградби на територијата на цела држава од кои 50 илјади се станбени куќи кои би биле опфатени со законот.

Околу ефикасноста во справувањето со урбаната мафија сведочи фактот што во Скопје, само општините Чаир  и Сарај немаат ангажирано фирми кои треба да ги уриваат дивоградбите.

Кога станува збор за заштитените подрачја, парковите и шумите како пример може да се земе Кањонот Матка каде повеќе од две и пол години се врши мапирање на заштитената зона која е под опсада на урабаната мафија и локалните моќници  каде што покрај спорните платформи на брегот има петнаесетина дивоизградени викендички.

Од Владата најавија дека во измените ќе има јасна одредба дека нема да може да се легализираат довоградби вонационални напркови, шуми и заштитени подрачја.

Претседаателот Пендаровски, кој го оцени Законот како спротивен на уставот и го врати во Собранието, но доколку повторно пимине кај пратениците тој најаи дека нема избор освен да го потпише.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Штериева: Банките ги разгледуваат тарифите за намалување на провизиите

Дејан Дејан

Три министерства во „реформски минус“ од 40 милиони евра

Дејан Дејан

Следното покачување на пензиите да биде според законското решение, да го нема линеарното до 2.500 денари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе