Најмлаку 22 луѓе загинаа, а над 70 се повредени откако се урна надвозник на метро во Мексико Сити. Меѓу загинатите има деца, а 49 се префрлени во болница.
На снимките кои ги прикажува локалната телевизија се гледа како надвозникот се урнал врз автомобили кои во тој момент се движеле по улицата. Потрагата по преќивеани времено е сопрена, бидејќи се стравува дека постои опасност од дополнително уривање на надвозникот и пад на вагоните од метрото на патот. Спасувачите чекаат кран со кој би се стабилизирале вагоните. Луѓето кои биле заробени во возилата под урнатините се успешно извлечени, но седуммина од нив се префрлени во болница во тешка состојба. Роднини и пријатели на луѓето кои биле во метрото се на местото на несреќата. Чекаат информации, но многумина се плашат од најлошото.