Забрзано се подготвува штипската сала „Јордан Мијалков“, каде ќе се имунизира населениот од штипскиот и струмичкиот регион. Општина Штип е вклчена во логистичката поддршка, а од денеска се поставуваат и вакциналните пунктовите, со што салата веќе ќе биде уредена за вакцинација на населението. 50 медицински сестри, 10 лекари, 16 административци, волонтери на Црвен Крст, но и на штипските јавни претпријатија ќе бидат секојдневно вклучени во организацијата. Недостатокот од медицински сестри и лекари ќе се анулира и со вклучување на кадар од Здравствените домови и болници од двата региони.
Јавните претпријатија ќе обезбедат и паркинг места за граѓаните кои ќе пристигнуваат од другите градови. Според Николов проблеми околу организацијата немаат.
Вакциналните пунктови во шесте градови низ земјава се очекува да се отворат со пристигнувањето на поголеми количини на вакцини, а според првичните проценките, тоа може да се случи по Велигден.
Викторија Јованова