Македонија Топ вести

ДУИ: Прашањето за државјанството треба да се реши според моделот од 2004 година

Демократската Унија за Интеграција смета дека прашањето за државјанството треба да се реши според веќе успешниот модел од 2004 година, кој предвидуваше дека еден граѓанин може да добие државјанство преку поседување потврда за завршено образование во Република Северна Македонија, поседување лекарска книшка, сметки за електрична енергија, водоснабдување или греење и други документи издадени од државни институции.

Како што честопати зборувавме овие денови, вистината за прашањето за државјанствата од 1991 до 2021 година е оваа:

Од 1991 до 2021 година со државјанство, од денот на независноста на Република Северна Македонија, во последните 30 години, вкупно 43.321 Албанци го оствариле правото на државјанство и само 3.374 се одбиени.

Додека во тек за добивање на документ за државјанство се 2.674 граѓани, од кои помалку од половина се Албанци, односно помалку од 1.300 граѓани.

За нас, дури и едно барање од наш граѓанин без државјанство а кој ги исполнува условите, треба да се реши бидејќи тоа беше една од првите точки на нашиот договор и имаме добро искуство од минатото.

Оптимисти сме дека наскоро ќе најдеме заеднички јазик со опозицијата со цел да го деблокираме функционирањето на собранието и со тоа да им помогнеме на граѓаните бидејќи во собраниска процедура се токму законите со економските пакети, главно финансиска помош за граѓаните и деловните субјекти на земјата.

Со оваа неразумна блокада, опозицијата остави 16.000 работници без плата и многу не усвоени закони.

Како заклучок, не се ниту 70.000 Албанци кои немаат државјанство, ниту

7.000 како што тврди опозицијата, затоа ве повикуваме да престанете да манипулирате со чувствата на Албанците и еднаш засекогаш да бидете решени да бидете вистинска опозиција, да бидете коректор на власта и да ги исполнувате обврските добиени од народот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Азир Алиу останува во ВЛЕН, Арбен Фетаи на средба со Курти без Таравари

Дејан Дејан

30 проценти од бремените жени во Македонија се соочуваат со анксиозно – депресивни потешкотии

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе