Вести Македонија Топ вести

Владиците Петар и Агатангел хоспитализирани поради ковид 19

Владиците Петар и Агатангел се хоспитализирани во приватната болница „Систина“ откако добиле позитивен тест на ковид-19, објави Сител.

Владиката Петар за телевизијата изјавил бил хоспитализиран од 23 март, поради превентива од можни компликации. Сега се чувствувал добро, но го чека негативениот тест за да си оди дома. Апелира до верниците сериозно да ја разберат состојбата со вирусот.

Претседателот на Комисијата за односи со верските заедници, Даријан Сотировски, апелира и верските лица што поскоро да бидат опфатени со процесот на имунизација.

Пред неколку дена, верските лидери на средба со премиерот Зоран Заев упатија апел до сите верници да ги почитуваат мерките против ковид-19 донесени од Владата, особено во периодот во кој претстојат празници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Девојчето од Ново Село е сместено во згрижувачко семејство, струмичкото обвинителство отвори истрага против таткото

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

По изјавата на Георгиев, МНР му пренесе официјален протест на бугарскиот амбасадор во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе