Вести Македонија Најважни

Кој е следен на лисата за вакцинација според планот на министерството за здравство?

Во исчекување на новите пратки на вакцини се поголем е бројот на граѓани и пациенти кои прашуваат кога тие ќе дојдат на ред за вакцинација. Во оваа фаза се вакцинираат здравствените работници, врабнотените во критичната државна инфраструктура и возрасните над 77 години со хронични болести, па затоа се наметнува прашањето што со другите граѓани со тешки или хронични болести и што предвидува планот на здравствените власти.

Голема е бројката на пациентите со дијабетес кои чекаат од министерството за здравство информација кога ќе почнат тие да се вакцинираат. Бојан Киров, од здружението „Т1Д“,ги поддржува напорите на здравствените власти но истовремео апелира лицата со дијабетес да бидат ставени во приоритените групи на граѓани без оглед на возраста.

Меѓу критичните се и над 1.600 бубрежно болни кои секојдневно одат на дијализа и се изложени на огромен ризик. Речиси педесет пациенти веќе починаа како последица на Ковид-19. Од Клиниката за нефрологија сметаат дека било која од постоечките вакцини се безбедни за нивните паџцинети и треба да се вакцинираат.

Критични групи има и во приватниот сектор а како пример мора да се наведат текстилните работници каде од почетокот на епидемијата неколку пати се јавуваа кластери со по стотина заболени од еден ист погон, како и вработените на каси во продавници и супермаркети кои се во директен контакт со граѓаните.

Од Министерството за здравство информираат дека процесот на вакцинација на здравствените работници тече паралелно со вакцинацијата на возрасните грашани и вработените во критичната инфраструктура. Оттаму додаваат дека сите здравствени работници кои се пријавиле за вакцинација преку своите матични комори се вакцинирани.

Вкупната бројка на вакцинирани граѓани заклучно со вчера е 24.020 лица.

А македонските граѓани и понатаму се обидуваат да се вакцинираат во Србија и покрај официјалните изјави на српскиот државен врв дека вакцинација на странски државјани сега за сега нема да има. Според информациите кои кружеа на социјалните мрежи поголем дел од граѓаните кои вчера беа во Врање се вратени но има и некои кои тврдат дека успеале да се вакцинираат и ја примиле вакцината на „Фајзер“.

Вакцинација во спортскиот центар „Борис Трајковски“, денеска немаше бидејќи просторот се чистеше и дезинфицираше и ќе продолжи утре со медиумските работници и вработени во државната администрација.

Надлежните најавија дека во текот на овој месец треба да пристигнат вакцини преку Ковакс системот и од Кина но без прецизен датум и количина. Единствено потврдени се 20 илјади дози од „Спутник В“ со кои треба да се спроведе ревакцинацијата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Дејан Дејан

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Три тони кокаин на албанската мафија завршија во рацете на властите во Еквадор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе