Ковид19 Македонија

Состојбата со коронавирусот во единствениот Дом за стари лица на истокот е под контрола

Состојбата со ширењето на корона вирусот во беровско е загрижувачка. Во ова познато туристичко гратче се наоѓа и единствениот Дом за стари лица во Брегалничкиот регион. Состојбата со вирусот вo објектoв е под контрола. Директорката вели дека пред повеќе од три месеци имале случаи на заразени.

Беровскиот Дом за стари лица со пари од Швајацарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа го прошири капациетот за 10 нови легла. Листата за чекање е долга и имаат од 40 до 50 кандидати. Потребата од Домови за стари лица во источниот регион е голема, заради миграцијата на младото и работоспособно население. Истокот наскоро се очекува да го добие и вториот дом за стари лица во Пробиштип. До јуни се очекува да заврши реконструкцијата на Здравствениот дом, и таму ќе се сместат 50 стари лица. Штип со години ја чека доизградбата на објектот, која е закочена поради статусот на дивоградба, а штипското здружение на пензионери инвестираше 600.000 евра. Решението за овој објект се гледа во новиот Закон за легализација на дивоградби.

Кочани засега ја чека поддршката од централната власт, а за изградба на Домот за стари лица потребни се 80 милиони денари. Според последните студии од 2012 до 2019 година 5.429 жители на источниот регион официјално си заминале од своите родни градови и села.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На 95-годишна возраст почина писателот Цане Андреевски

Дејан Дејан

Уште еден „Марш за ангелите“ попладне во Кочани

Дејан Дејан

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе