Со организиран превоз или во сопствена организација, воспитувачките и вработените во градинките пристигнаа во спорсткиот центар Борис Трајковски за да ја примат вакцината „Спутник V“. Процесот од регистарција, па до вакцинација, течеше без никаков застој и во најдобар ред. Граѓаните задоволни, апелираат на масовна вакцинација.
Докторите вршат проверка на здраствената состојба и ги информираат лицата за евентуалните последици од вакцината. Се вакцинираат и лицата со лесни алергии.
Процесот на вакцинација има и логистичка подршка. Тука се волонтерите на Црвениот крст и администарцијата.
Дневно се вакцинираат по 3.000 лица. Вакцинацијата со „Спутник V“ за ризичните професии ќе заврши наредната недела, по што за 21 ден ќе следи ревакцинација.
Се очекува до крајот на месецот да пристигнат над 300.000 вакцини од различни производители. Заради масовната вакцинација Владата размислува да се отворат нови вакцинални пунктови и да се формираат два посебни штаба, во кои ќе бидат вклучени дел од министрите и државните институции со цел подобро да се организира целиот процес на имунизација.
Јулијана Пешевеска