Битола во моментот е најголемото жариште на коронавирусот во земјава, каде според епидемиолошките показтели заразaта најмногу и најбрзо се шири. Двата блока на КОВИД центарот се веќе со исполнет капацитет, поради што во функција од денеска е и Модуларната болница која ги приме и првите пациети. Клиничката болница ќе работи само за ургентни случаи, затоа што некои одделенија се затвораат, а медицинскиот перосонал е пренасочен и ќе ротира во Регионалниот КОВИД центар.
-Многу е лесно да се обезбедат креветите, но некој треба да се грижи и да ги лекува тие пациенти, се соочуваме со силен недостиг на кадар. Почнуваме да затвораме некои од неургентните одделенија и одат во сменско работење за да можеме да покриеме со медисцински пероснал, вели Билјана Гагачовска, директор на Клиничка болница-Битола
Хоспитализираните се сo лоша клиничка слика, а најголемиот број од нив се од 25 до 50 годишна возраст. Вчера беа потрошени рекордни 1,6 тони кислородт, што е двојно и тројно повеќе од претходно.
-Сите пациенти се со многу тешка клиничка слика, сите се на кислородна поддршка и тешки воспалителни процеси на белите дробови, се обидуваме со сите сили да им пружиме помош на пациентите. Се работи за пацинети од различни возрст, а најмногу во овој КОВИД бран имаме млади пациенти, вели др. Ели Димитровска, инфектолог во Клиничка болница Битола
Здравствените власти потврдуваат дека Битола во моментот е најголемиот проблем, затоа што базичниот репродукционен број R0, кој покажува колку лица може да зарази еден заболен, е 1,5 и е највисок во земјава. Лекарите велат не можат веднаш да се очекуваат ефектите од новите рестриктивни мерки и апелираат младите, кои се и најголеми преносители, во наредните две недели да се воздржат од собирање, дружење и журки, за да се спречи оваа тешка сосотојба во Битола.
Eмилија Мисирлиевска