Спорт

Доминација на каратистите на Макпетрол

Викендов 27-03.2021 год.(Сабота) во Скопје сала Борис Трајковски, се одржа државното првенство во карате за сениори-ки, во поединечна и екипна конкуренција во дисциплините борби и кати. Ова Државно првенство е критериумско за избор на сениорската репрезентација која во месец Мај треба да настапи на европското првенство за сениори кое ќе се одржи во Пореч, Хрватска. Сите први места обезбедија учество на европското првенство и ќе не преставуваат во Хрватска.

Макпетрол е најдобар карате клуб на Државното сениорско првенство. каратистите на Макпетрол освонија 13 медали – 8 златни, 2 сребрен и 3 бронзени.

Државни прваци станаа:

– Сара Радичевска -50 кг,

– Симона Заборска -55 кг,

– Моника Пендаровска -61 кг

– Ангела Мојсовска -68 кг,

– Екипно жени борби во состав: Симона Заборска (капитен), Сара Радичевска, Ангела Мојсовска и Моника Пендаровски Викторија Јовановска,

– Абдурахим Идризи -60 кг,

– Давид Петков -67 кг

– Петар Спасеновски -84 кг

Сребрени медали освоија

– Марија Петровска -50 кг

– Машкиот тим во борби во состав: (Заборски Петар, Спасеновски Петар, Петков Глигор, Ацковски Роберто, Абдурахим Идризи, Глигор Станоев и Давид Петков).

Бронзени медали припаднаа на ;

– Роберто Ацковски -67 кг

– Викторија Јовановска -61 кг

– Глигор Петков -84 кг

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе