На Граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10:00 часот денеска влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излез 2.139 лица, соопштија денеска од МВР.
Претпладнево немаше гужва на ГП Табанoвце, но евидентна беше поголема раздвиженост на автомобили кои се упатуваа кон Србија.
Дел од граѓаните кои патуваат кон Србија потврдија дека патуваат за вакцинација.
Утрово и АМСМ извести дека има метеж на ГП Табановце и дека се чека 40 минути за излез од државата кон соседна Србија.