Свет Топ вести

Армијата на Мјанмар уби најмалку 16 луѓе

Вкупно 16 лица беа убиени денеска од безбедносните сили во Мјанмар, објавија локалните медиумите.

Во раните утрински часови, безбедносните сили отворија оган кон голем број демонстранти во близина на полициската станица во Јангон и убија најмалку четири лица. Други тројца се застрелани во населбата Јангон во Исеин. Четворица биле убиени во источниот град Лашио, а уште четири во изолирани инциденти во регионот Баго, во близина на Јангон. Еден човек е убиен во североисточниот град Хопин.

Лидерот на хунтат, генерал Мин Аунг Хлејн денеска изјави дека војската ќе го заштити народот и ќе се залага за демократија. Тој ја предводеше воената парада во главниот град Најпидо, организирана по повод Денот на армијата.

Армијата сака да се здружи со народот за да ја заштити демократијата. Власта сака да го одбрани народот и да го обноват мирот во целата земја, истакна Хлејн.

Хунтата вчера предупреди дека припадниците на безбедносните сили ќе пукаат во главите на демонстрантите.

Треба да знаете дека можете да се најдете во опасност да бидете погодени во глава или грб, изјави претставник на хунтата им се обрајќаки им се на демонстрантите, што е прво признание дека постои наредба да се пука за да се убие.

Вчера беа убиени четворица демонстранти.

Најмалку 328 луѓе се убиени во демонстрациите што почнаа по воениот удар што се случи на 1 февруари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан и Индија се согласија на целосно примирје

Дејан Дејан

Паметен помошник или дигитална опасност?

Дејан Дејан

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе