Вести Македонија

Ќе се анализира загадувањето на воздухот во Скопје

Штипскиот универзитет со подршка на УНДП и шведската амбасада почнува со анализа на загадувањето на воздухот во Скопје.

Проектот се реализира во  населебите Лисиче и Карпош. Ќе се земаат примероци од воздухот, ќе се користат  податоците од постојните, но и ќе се постават мобилни мерни станици. Тие треба да дадат одговор кои се вистинските  загадувачи на воздухот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. Проектот е вреден околу два милиони долари. Во моментов се мониторира начинот на греење на  60 семејства во Ново Лисиче. Сите истражувања и студии спроведени досега покажуваат дека домаќинствата со 90 %, се главниот виновник за високите концетрации на ПМ честички во воздухот, а според истражувањето што МАНУ го реализираше исто така со подршка УНДП потребни се околу 380 милиони евра загадувањето во Скопје со ПМ честички да се намали за половина до 2025.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе