Вести Македонија

Стопирање на работата на хидроцентралите за да се спасат езерата

Нивоата  на  македонските езера се намалуваат од минатата есен, затоа е и побарано најголемите хидроцентрали да запрат со користење на водата, со цел да се најдат причините за пресушување на езерата, а најдраматично е сепак нивото на Преспанското езеро.

Се прави и долгорочен план, на волонтерската база ангажирани се и над 20 експерти, а за решавање на овој проблем Министерот за животна средина, Нуредини побарал и повеќе пари за Управата за хидрометеролошки работи, за справување со овие проблеми. Смета дека соработката со соседните земји е клучна за спас на Преспанското езеро.

Треба да ги знаеме нивоата на нашите води, на езерата, и важно е министетрствата за животна средина и за земјоделство и УХМР да имаат централен систем за собирање на податоците за да може да се преземат акции пред да се случат вакви ситуации, вели Нуредини.

 

 

Битката на невладините и на граѓаните за изградбата на мини хидроцентрали на Мала Река и Штакловица во Кочани и Пробиштип продолжува. Тој побара уште еднаш да го известат министерството за нивните ставови.

Ние како Влада треба да ги почитуваме договорите, кои се потпишани во минатото. Градоначалникот треба да седне заедно со граѓаните и да ги разгледа, уште еднаш овие прашања и да ни пратат ново мислење, доколку има поинакво мислење, тогаш ќе седнеме и ние ќе го смениме и нашето решение, вели Нуредини.

Што се однесува за кочанската фабрика за хартија Пејпер Мил, која од средината на јануари не работи, поради аерозагадувањето, Нуредини е дециден дека ќе стартува со производство, откако ќе ги исполне обврските кои им се дадени од инспекторатот и министерството.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе