Вести Македонија

Османи: Македонија испорача сега нa ред е ЕУ

Резолуцијата за Македонија која вчера беше усвоена во Европскиот парпалемт е јасен сиугнал дека државата и властите испорачале во делот на реформите и сега е на ред Европската уинија да го испрача својот дел од ветеното и договореното смета шефот на дипломатијата, Бујар Османи. За него клучно е да се постигне консензусот меѓу сите членки и да се стартува со преговорирте евентуално во јуни. Околу амандманот за осуда на бугарската реторика кој не беше усвоен а беа прифатени два амандмани според кои  има дискриминација на Бугарите во Македонија, осмени без конретен став.

За Тимчо Муцунски од ВМРО – ДПМНЕ, неспорен е фактот дека Македонија заслужува старт на преговорите иако во извештајот се нотирани сериозни забележки но предупредува дека не треба и не смее да се лицитира со датуми.

За Муцунски нема дилема кога станува збор за амандманите кои беа усвоени според кои во Македонија има дискриминација.

Кога станува збор за амандманст со кој се осудуваше провокативната реторика на Бугарија кон Македонија кој не помина поради блокада на европратениците од Европската народна партија и Европските конзервативци Муцунски вели дека поддршката од Европската народна партија секогаш била тука за Македонија и покрај вчерашното гласање.

Резолуцијата подготвена од известувачот за Македонија во ЕП, бугарскиот европратеник Илхан Ќучук бара земјава да продолжи со реформите особено во делот на борбата против корупцијата и организираниот криминал, слободата на медиумите, инклузивноста на општеството, а се поздравува и реформата на јавната администрација која треба да доведе до назначување и напредување врз основа на мерит систем.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе