Штипскиот универзитет со подршка на УНДП и шведската амбасада почнува со анализа на загадувањето на воздухот во Скопје.
Проектот се реализира во населебите Лисиче и Карпош. Ќе се земаат примероци од воздухот, ќе се користат податоците од постојните, но и ќе се постават мобилни мерни станици. Тие треба да дадат одговор кои се вистинските загадувачи на воздухот во главниот град и да се преземат соодветни мерки. Проектот е вреден околу два милиони долари. Во моментов се мониторира начинот на греење на 60 семејства во Ново Лисиче. Сите истражувања и студии спроведени досега покажуваат дека домаќинствата со 90 %, се главниот виновник за високите концетрации на ПМ честички во воздухот, а според истражувањето што МАНУ го реализираше исто така со подршка УНДП потребни се околу 380 милиони евра загадувањето во Скопје со ПМ честички да се намали за половина до 2025.