Ковид19 Свет Топ вести

Макрон: ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени

ЕУ заостанува во имунизацијата оти лидерите не препознаа дека вакцините ќе бидат брзо развиени, признава францускиот претседател Макрон. Тој истакна дека пристапот на Унијата е претпазлив и дека тие сметаат дека за вакцина треба многу повеќе време, за разлика од САД, кои веќе во летото 2020 година имаа многу поотворен и поактивен пристап кон развојот на вакцините.

Не бевме доволно брзи, недоволно силни во тоа. Тоа е апсолутно точно и ние мислевме дека на вакцините ќе им треба многу повеќе време. Тоа ви го кажувам многу искрено. Сите, освен експертите, освен тие кажаа: никогаш во историјата на човештвото не било потребно помалку од една година за да се создаде вакцина. Голем успех. И така веројатно на некој начин пукавме во звездите. Мислам дека тоа мора да биде лекција за нас. Згрешивме бидејќи не бевме доволно амбициозни, сакав да кажам дека е лудо дека е тоа можно. Можеби сме премногу рационални, рече Макрон за грчкиот телевизиски канал ЕРТ.

Лидерите на Европската унија сега се обидуваат да ја забрзаат вакцинацијата, но заостануваат зад Велика Британија и САД затоа што се соочуваат со доцнења во снабдувањето. А во исто време засилени се контролите врз извозот на вакцини против коронавирус и имплементација на систем на реципроцитет.

Германија денеска продолжи со вакцинацијата против коронавирусот. Луѓето, на саемот во Келн кој е преструктиуран во вакцинален центар, во редици чекаа за да ја примат вакцината на АстраЗенека.

Да, малку бев загрижена, особено затоа што беше забранета неколку дена. Но самата сум позитивна во однос на тоа, бидејќи си велам во себе дека навистина ќе бидам благодарна заради тоа што се вакцинирам сега, изјавија дел од нив.

Израел досега вакцинираше повеќе од половина од населението со двете дози од вакцината против Ковид-19, соопшти тамошното Министерството за здравство. Здравствените власти, во земјата со население од 9,3 милиони жители, почнаа со укинување на ограничувањата на Ковид-19, така што животот во Израел полека почна да се враќа во нормала.

Финската Влада пак предложи целосно затворање во пет градови, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи ширењето на коронавирусот. Според предлогот, на граѓаните ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само поради набавка на храна, а кршењето на мерките ќе се казнува.

И Полска се подготвува за „локдаун“ поради рекордниот број новозаразени со коронавирус. За еден ден регистрирани се нови 34.150 случаи, а вкупниот број на починати во Полска се зголеми на 50.860. Пациентите чекаат во собите за итни случаи во болниците, а здравствените власти велат дека може да биде уште полошо.

Билајан Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан ја обвини Индија за ракетни напади врз воени бази

Дејан Дејан

Ким Џонг-ун: Учеството на Северна Кореја во војната во Украина е оправдано

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе