Вести Македонија Топ вести

Гласањето за амандманот ќе покаже каде треба да се лобира во ЕУ

Амандманот кој вчера го поднесоа петмината европратеници не е изненадување за домашните експерти и е доказ дека се создава поголема критична маса на европско ниво кои не ги толерираат нарушување на основните вредности од страна на Бугарија. Клучно ќе биде гласањето утре но без разлика дали ќе биде прифатен или не ќе треба да се следи и анализира самиот тек на гласањето односно од каде доаѓа поддршката и каде дополнително треба да се работи и лобира.

За Малинка Ристевска Јорданова, клучно е како ќе се постават позначајните групи во Парламентот како европската Народната партија и Обнова на Европа а тоа ќе ни даде насоки каде е потребно дополнително лобирање.
Таа додава дека со последниот развој на настаните внатре политичката дебата ќе се префли во Бугарија, наместо кај нас, и официјална Софија ќе мора да ги преиспита своите чекори.

А што стои во амандманот кој го поднесоа европратениците Марек Белка, Тонино Пицула, Тања Фајон и Андреас Шидер во име на партијата на Групата на социјалисти и демократи и на Тинеке Стрик од групата на Зелените.

„Европскиот парламент ги осудува неодамнешните провокативни изјави од претставници на бугарската влада за историските прашања кои се однесуваат на Северна Македонија, а кои одат спротивно на духот на Договор за пријателство. Се повикуваат бугарските власти да се воздражат од вакви изјави и покрај изборната кампања која е во тек во Бугарија. Се поздравува зрелиот и избалансиран одговор на провокациите од страна на владините претставници од Северна Македонија“

Амандманот предизвика жестока полемика во Бугарија и низа меѓусебни обвинувања. Премиерот Борисов и Каракачанов ги обвинија опозициските социјалисти дека не го спречиле предложувањето на амандамот а потпретседателката на Бугарија. Потпретседателката Јотова која е европратеник и доаѓа од редовите на опозициските социјалисти ги повика повика европратеници да го повлечат амандманот. Бугарските европратеници Ковачев и Џамбаски остро реагираа нарекувајќи го Каракачнов „штетник“ но најавија дека ќе гласаат против.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЈСП демантира дека има долг кон приватните превозници, најавува тужби доколку прекинат да возат

Дејан Дејан

Тошковски: „Безбеден град“ ќе профункционира за многу брзо

Дејан Дејан

Тошковски: Очекуваме за два месеци издавањето патни исправи да го вратиме во нормалниот законски рок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе