Вести Македонија

Камчев носен на кардиологија, од затворската управа велат дека на прегледот имал одлични резултати за личното здравје

Орце Камчев беше однесен по упат од домскиот лекар и денеска е спроведен на клиниката за кардиологија каде му е извршен детален преглед од интернист-кардиолог, ни соопштија од управата за извршување санкции.

По извршените прегледи, Камчев е вратен на издржување на мерката притвор во затворот во Шутка.

-Резултатите му се одлични, за што има соодветен лекарски документ од интернистот-кардиолог кој му извршил преглед, ни истакна директорот на затворската управа Маријан Спасовски.

Адвокатот Тони Менкиновски претходно се пожали дека во затворот Шутка, Камчев е сместен во лоши услови, во тесна келија која му влијае на здравјето.Адвокатот го нарече третманот во Шутка-тортура.

Денеска Менкиновски ни рече дека утре има посета на својот клиент без да потврди дали воопшто е известен за прегледот на Камчев на државна кардиологија.

Камчев е во притвор од минатата недела откако судот му определи мерка притвор поради информации за наводно планирање на бегство, кое е нотирано од припадници на АНБ.

Осомничен е во случајот Плацеви на Водно, за што денеска обвинителството претресуваше станови поврзани со поранешниот премиер Никола Груевски во кои откри и работен кабинет и библиотека.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата, парното, ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе