Вести Македонија

И стан на приватна фирма поврзан со имотот на Никола Груевски- обвинителството со претрес барало документи за истрагата Плацеви на Водно, нашло библиотека и уметнички дела

Во 4 стана поврзани со екс-премиерот Никола Груевски денеска е извршен претрес во рамки на истрагата за случајот Плацеви на Водно.

Во становите се барала документација и други докази поврзани со истрагата. Од обвинителството потврдија дека е извршен претрес без многу детали.

Според сознанијата на Телма, сите станови се наоѓале во засебен дел на зградата во Црниче. Двата стана се воделе како сопственост на мајката на Никола Груевски и биле поврзани. Третиот стан се водел како сопственост на жена од Скопје, додека 4-тиот според Катастарот бил во сопственост на приватна фирма.

Едниот стан бил преправен како библиотека, додека другиот кој не бил сопственост на Груевски но бил наместен како работен кабинет и полн со уметнички слики, тврдат за Телма извори од истрагата.

Порталот Сдк.мк објави дека три стана се новооткриени станови на поранешниот премиер, но пријавени под друго име.

Весникот Фокус во последниот број откри повеќе детали за новооткриениот имот на Груевски дека покрај дуплексот во кој живеел: „поседува уште два соседни стана во истата зграда. Едниот е со големина од 57 квадратни метри и плус 8 квадрати балкони, а официјално е запишан на име на правен субјект, односно на фирма.“

Обвинителството оценило дека становите се поврзани со поранешниот премиер, а сегашен бегалец и азилант во Унгарија-поради што е баран претрес во потрага по документација.

Истовремено во рамките на истрагата Плацеви на Водно која е пред крај, извршен е претрес и во куќа во Прилеп која е во сопственост на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Во рамки на истрагата Плацеви на Водно, минатиот викенд му беше определен 30-дневен притвор на Орце Камчев кој е осомничен во случајот.

За оваа истрага, сомневањата на обвинителството се дека пари од партиски донации се префрлани преку приватни фирми за да се откупи градежно замјиште на Водно кое е поврзано со Груевски.

Миомир Серафиновиќ

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Променливо облачно со сончеви периоди и локална нестабилност – Временска прогноза за 20.5.2024

Дејан Дејан

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе