Македонија

Младите најпогодени од пандемијата – последиците од Корона-кризата се трајни

Пандемијата ги погоди сите ама најмногу младите – едногласно заклучуваат младинските организации по анализите на досегашните последици од кризата. Таа се уште трае, а бројките не се оптимистички.

Се зголемила невработеноста, а пораснал и бројот на млади лица коишто земаат плата под минималната.

Официјалните податоците на Управата за јавни приходи се дека од 540 илјади лица кои примале плата во првите месеци откако започна пандемијата, само околу 86 илјади или една шестина се под триесет години.

„Владата немаше директен пристап до младите. Се концентрираше на студентите и средношколците, а генералната популација на млади не беше целосно опфатена – особено оние коишто изгубиле работна позиција. Комуникацијата односно учеството на младите во креирањето на самите вакви политики не беше на задоволително ниво, воопшто не беа ниту консултирани младинските организации, ниту пак други видови на младинско здружување што веројатно исто така има за резултат дека не беа целисходни самите мерки како такви“ изјави Блажен Малески, истражувач од „РЕАКТОР – Истражување во акција“.

Од лани овој период, досега, младинската невработеност се зголемила за 4%. Последиците од кризата ќе бидат трајни, а најмногу ќе се почувствува по достапноста до работни места, прогнозираат невладините. Дури за 6% се зголемил бројот на млади лица што земаат плата под минималната.

Младинските организации ова го имаат предвид, но имаат и решение за тоа и им го понудија тоа на носителите на одлуките од власта.

„Препорачуваме државата да креира и спроведе политика со која младите лица до 29 години кои се вработени да бидат ослободени од плаќање данок на персонален доход. Начинот на кој би се спровело ова е работодавачите да го исплатат данокот на персонален доход до УЈП, а УЈП да изврши директен износ на данокот и да го врати назад кај оваа категорија на млади лица“ изјави Теодора Столевска од Младинскиот образовен форум.

Олеснувања за работодавачите што ќе примат на работа млад човек исто така е едно од решенијата што ги нудат младите кои во меѓувреме бараат да се формира и координативно тело на институциите, кое ќе биде наменето само за младински прашања.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Објавен на ЕНЕР Предлог Закон за Судскиот совет – се чека мислење од Венецијанската комисија

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе