Три лица починале како последица на компликации од коронавируот во изминатото деноноќие на Инфективното одделение во Битола. Вкупно се хоспитализрани 78 позитивни пациенти, од битолската болница за Телма информираат дека сите се со тешка клиничка слика, а 65 од нив се на кислордна поддршка.
Бројките на заразени растат и во Битола, за овие три недели од март се регистирани речиси 500 новозаболени и 11 починати
Сепак, Прилеп и натаму е најголемо жариште на вирусот во Југозападниот регион и втор град во земјава после Скопје со најголем број заразени. Само во трите недели од март има 1013 заболени и 37 починати. Со вкупно 300 починати од почетокот на пандемијата, Прилеп има и најголема смртност од вирусот
Епидемиолозите велат дека големиот број на заразени во овој град се должи на непочитување на мерките, собирања во домашни услови и во угостителските објекти, криење на контакти и неколкукратно поголемата заразност на британскиот сој на вирусот кој е доминантен во Прилеп.
Емилија Мисирлиевски