Вести Македонија Најважни

Поригорозни мерки нема, продолжен полицискиот час за две недели

Владата одлучи. Од денес па до 6 ти април ќе продолжи да важи полицискиот час без никакви промени ќе трае од 22 часот навечер до 5 сабајле. Владата нема образложение зошто ја донесе ваквата мерка, дури утре на седница ке го разгледува записникот од кризниот штаб.

Од таму нема информации ни зошто бил поканет дури и претседателот на државата Стево Пендаровски. Од неговиот Кабинет само кусо информираа што тој посочил. Дека сите институции треба да ја следат состојбата, да се координираат иа ако има потреба да се надополнат мерките.

Претседателот посебно потенцираше дека додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението, граѓаните треба да продолжат со совесно и одговорно однесување и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот. 

Инаку вкупната бројка хоспитализации низ болниците во земјава е 1315 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во изминатите 24 часа се хоспитализрани 54 нови пациенти поради компликации од корона вирусот од Министерството убедуваат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Од денеска и детската болница Козле е испразнета од болни деца и таму ќе се лекуваат возрасни позитивни на ковид. Во меѓувреме сите деца и позитивни и заболени од други болести се префрлени на детската клиника со што таа стана ковид центар.

Таму сега се лекуваат 16 деца позитивни на корона вирусот.  Двајцата директори на двете болници убедуваат дека се подготвени за новата ситуација.

Инаку претходниот полициски час беше донесен со одлука на Владата, на 10 март. Властите сметаа дека мора да се ограничи движењето на младите во паркови и дома по затворањето на угостителските објекти.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе