Владата на денешната седница ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.
Од утрово заседава координативниот кризен штаб на кој присуствува и претседателот на државата Стево Пендаровски. Се разгледуваат мерките за справување со корона кризата кои во моментов се активни и резултатите кои тие ги даваат. Според информациите од кабинетот на Пендаровски тој потенцирал дека додека не се создадат услови за масовна имунизација на населението, граѓаните треба да продолжат со совесно и одговорно однесување и да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од вирусот. други подетални информации за сега нема.