Денеска се играат натпреварите од последното коло на квалификациските турнири за пласман на ракометниот турнир во женска конкуренција на Олимписките игри.
По вчерашните победи над Србија и Казахстан, селекциите на Унгарија и Русија веќе обезбедија настап во Токио, а виза за учество на олимпискиот турнир има и селекцијата на Шведска.
За последните места на турнирот ќе се бодат уште пет селекции. Во првата група, Шпанија со победа над Аргентина ќе го визира настапот во јапонската престолнина додека најнеизвесно е во групата 3 каде сите три селекции имаат шанса за настап на Олимписките игри.
Во оваа конкуренција во последното коло се среќаваат Црна Гора и Романија. На Црногорките им е потребен најмалку бод за освојување на едно од првите две места додека епилогот од овој дуел го очекува и селекцијата на Норвешка.
За настап во Токио на Романија и е потребна победа од шест гола разлика и во тој случај од настапот во Токио отпаѓа репрезентацијата на Црна Гора која ќе има полоша гол разлика во однос на Норвежанките.
РАКОМЕТ – ЖЕНИ / КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ОИ
ГРУПА 1
ШПАНИЈА – АРГЕНТИНА 19:30ч
ТАБЕЛА
- ШВЕДСКА 3 (62:49)
- ШПАНИЈА 1 (28:28)
- АРГЕНТИНА 0 (21:34)
ГРУПА 2
СРБИЈА – КАЗАХСТАН 17:30ч
УНГАРИЈА – РУСИЈА 20:30ч
ТАБЕЛА
- УНГАРИЈА 4 (77:42)
- РУСИЈА 4 (62:50)
- СРБИЈА 0 (47:60)
- КАЗАХСТАН 0 (45:79)
ГРУПА 3
ЦРНА ГОРА – РОМАНИЈА 16:00ч
ТАБЕЛА
- ЦРНА ГОРА 2 (28:23)
- НОРВЕШКА 2 (52:52)
- РОМАНИЈА 0 (24:29)