Ковид19 Свет Топ вести

Илјадници луѓе на протести во Британија, Германија и Канада

Судири на полицијата и демонтрантите во Лондон кои бараат крај на ограничувањата поради ширењето на кронавирусот. Демонтрантите кои кон нив фрлаа со шишиња и други предмети, полицајците ги нарекоа непријатели на народот. Протести имаше и во Германија и во Канада, кои поминаа без насилства. Шиефицата на ЕК, Урсула фон дел Лајен со предупредување до АстраЗенека дека ако не ги испорача договорени дози вакцини ќе им биде забранет извозот.

Неколку илјади луѓе под слоганот „Обедини се за слободата“ протестираа во Британија. Судири меѓу полицијата и демонстрантите кои маршираа во центарот на Лондон спротивставувајќи се на полициските предупредувања да одржуваат дистанца поради ограничувањата заради ширењето на коронавирусот. Според метрополин полицијата во демнстрациите се уапсени 36 луѓе, откако одреден број полицајци беа повредени од толпата луѓе кои кон нив фрлаа шишиња и други предмети.

-Ова е центар на слободата, слободата на говорот и слободата на здружувањето. Ова се непријатели на народот.

-Мораат да се слогласат да го пуштата луѓето да изразат солидарност, тоа е нашиот избор, тоа е нашиот избор на крајот од денот и она што тие го правата е одземање на слободата, порачаа демонстрантите на протестот.

 

Активистите за човекови права порачуваат дека ова е брутално однесување на полицијата кон граѓаните на кои им се скратува слободата на протест, бидејќи на отворено ризикот од пренос на вирусот е многу мал.

Изгледа дека постои силен обид на владата да го ограничи нашето право да бидеме на улица, да бидеме надвор, но велиме дека имаме навистина важна порака, не се откажуваме од своето право на протест – Елизабет Адофо, активист.

Долга година карантини, затворања, ограничување на движењата и забрани за протести ги изнесе улица и граѓаните во Германија и во Канада кои си ја бараат назад слободата на движење и на изразување. Во истовреме пак Зголемувањето на инфекциите во Германија ја надмина критичната точка, што е фактор според кој Владата утврдува дали да воведе построги мерки. Бројот на новозаразени на 100.000 жители во Германија минатата недела се искачи на 103,9, објави денеска Институтот „Роберт Кох“. Надминување на бројката од 100 често значи дека мерките против коронавирусот, кои се локално ублажени, повторно се засилуваат.

Оптимирам дава изјавата на основачот на германската компанија „Бионтек“, Угур Сахин, кој ја разви вакцината против Ковид-19 со американската компанија „Фајзер“, кој вели дека вирусот ќе биде под контрола во повеќето европски земји и САД до крајот на летото. Тој смета дека овие проблеми се привремени, дека е можно да се вакцинираат 70 проценти од Германците до крајот на септември и дека вирусот тогаш веќе нема да претставува таков проблем.

Предупредување до АстраЗенека пак упати претседателката на Европската комисија Урсула фон дел Лајен која вели дека оваа компоанија може да се соочи со забрана за извот на вакцините кои се произведуваат во Европа доколку не ги исполни своите договорени обрски. Шефицата на комисијата кажа дека компанијата исполнила само 30% од 90 милиони дози вакцини кои ги вети во првото тромесечие од годината. Таа рече дека Европската унија во моментов не може да донира вакцини против  коронавирус на посиромашните земји.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе