Македонија Топ вести

Тодоров се сретнал со Груевски, детали не се откриваат    

Тодоров и Груевски разговарале неколку часа во Будимпешта, тврди поранешен висок функционер на ВМРО ДПМНЕ кој е близок со поранешниот министер за здраство. Тема на разговор биле случувањата во ВМРО ДПМНЕ но детали не се откриваат. Се ќе биде јасно за два месеца, вели изворот за Телма. Се обидовме да стапиме во контакт и со Тодоров но тој ниту ја потврди ниту ја демантира веста.Тодоров е жесток критичар на политиките на Христијан Мицкоски.Во една колумна тој напиша.

Секоја нова шанса на Мицкоски значи дека сме спремни и согласни да му дадеме уште една шанса на Заев.Тој се надева дека ќе успее на овие локални избори да освои 20-на градоначалници и тој пораз, математички прецизно да ни го претстави како епохално подобрување на резултатот од последните локални избори, но и изборна победа на ВМРО ДПМНЕ.

Средбата е остварена во  момент кога Иницијативниот одбор за  промени го одложи Вонредниот конгрес кој требаше да се одржи на 28 март а на кој требаше да се гласа за доверба на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.Тие и денеска се огласија порачувајќи му на лидерот на ВМРО ДПМНЕ дека отпорот во партијата се зголемува и се ближи крајот на неговите партиски бизниси.ВМРО ПМНЕ ова го оцени како уште една пропадната инвестиција на Заев и доказ дека партијата не прави пактови со криминал.

Јулијана Пешевска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шоферско „лудило“- претекнувал колона кај Гостивар, возел дупло побрзо од дозволеното кај Гиновце, среде Кавадарци пијан турнал бандера, какви прекршоци се прават на патиштата низ Македонија

Дејан Дејан

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се огласи по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе