Македонија Топ вести

20 приведени лица во полициска станица во Струмица по тепачка во и пред казино во градот

20 лица се приведени во полициска станица по инцидентот кој се случи денеска на пладне во казино во Струмица.

Дел од нив се сведоци на настанот кој ја вознемири јавноста откако се појави видеото објавено на фејсбук страницата СтрумицаОнлине, а на кое се гледа како поголема група луѓе со палки и тупаници тепаат еден маж.

Полицијата во Струмица за Телма потврди дека во инцидентот се повредени 2 лица, кои што имаат телесни повреди, но животите не им се загрозени.

Според информациите на Телма, сепак , на она што можеше да се види на видеото, му претходела и друга пресметка која започнала уште во казиното а која била иницирана поради тоа што еден од учесниците вознемирувал вработена во казиното, но и поради навреди на етничка база врз двајцата подоцна претепани жители на селото Баница…..

Во моментов се прибираат и другите снимки од видео камерите за целосно да се расветли случајот.

Меѓу повиканите во полицијата за да даде исказ е и девојката која била вознемирувана.

Од СВР Струмица не сакаат да потврдат дали меѓу учесниците е и еден од членовите на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев иако такви информации се проширија во дел од медиумите.

Тој на фејсбук демантираше дека бил вмешан во инцидентот, а како што вели ” попатно распрашувајќи се” дознал дека нападнатите лица не биле само двајца, туку 20 -тина луѓе од село Баница, кои со дрвја, камења и ладно оружје ги нападнале вработените во казиното.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

Кој ќе биде нов гувернер?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе