Во градот на изглед обично секојдневие – според епидемиолозите критични ковид-денови за Велес според мапата на новозаразени.
Вчера 60 потврдени случаи на зараза, денес повеќе од 40.
Со денови градот бележи бројки критични според вкупниот број на население и процентот на позитивни тестови.
Надлежните за менаџирање на кризата се убедени дека знаат каде лежи проблемот за целата оваа алармантна ситуација.
Велешани раздвижени, кафулињата солидно исполнети како за во сред работно време во четврток.
Основниот услов за заштита од вирусот – маската, и понатаму игнорирана од поединци.
Трендот на порастот на новите случаи на зараза ќе продолжи и во следните неколку недели, велат епидемиолошките пресметки.
Од локалната власт веќе молат за затегнување на рестрикциите – барем во однос на угостителските објекти.
Во тоа тие ја детектирале и главната причина за неконтролираното прошитување на вирусот во овој град со педесетина илјади жители.
Нови мерки од надлежните може да се очекуваат најрано за четири дена.
До понеделник исклучено е било какво засилување на рестрикциите, а бројките во следните денови ќе диктираат и дали Комисијата за заразни болести ќе извади нова препорака и ќе ја достави до Владата.
Петар Догов