Вести Македонија Најважни

Доктор Асани напишал дека породил машко дете, Веаповска си заминала со женско

Гинекологот и директор на струшката болница рекол дека породил машко дете во случајот на дебарчанката Илдиз Веаповска, а сепак нејзиното дете е женско. Ова е само една од небулозите испишани во извештајот на лекарската комора која сепак не утврди пропусти во делувањето на докторот Мухамед Асани. Но ова е само еден пробелматичен дел од извештајот за Веаповска. Во него пишува и дека бубрегот и бил изваден оти имало повреда на артеријата.

Со оглед на тоа што крвниот сад не можел да биде реконструиран оперативната екипа била принудена да направи, левострана нефректомија, се вели во извештајот на Лекарската комора.

 Од она што може да се види, извештајот е направен пред точно еден месец, на 15 февруари, но до сега беше тајна дури и за Веаповска. Во него ги нема имињата на петчлената комисија која го изработила и која не утврди лекарска грешка при постапувањето на докторите.  Потпишан е заменик претседателот на комората за кого во петокот на прес конференција претседателката рече дека ги бирал докторите кои ќе одат во надзор, но не кажа дали и тој самиот учествувал во надзорот.

Инаку на крајот на август лани Веаповска со царски рез била породена со здраво женско дете, а во породувањето учествувал и Блерим асани специјализант и син на директорот Асани.

Откако неколку дена Веаповска се жалела на огромн болки во стомакот и била извршена уште една интервенција кога и го извадиле бубрегот, матката и јајникот. Таа го доби и извештајот од патологија каде завршија органите за кои вели дека биле здрави. Обвинителството каде заврши кривичната пријава не кажува дали побарало обдукција на органите.

Кои конкретни дејствија се преземаат во моментов обвинителството не е во можност да сподели со јавноста, со оглед на тоа што станува збор за предмет кој е во фаза на предистражна постапка.

 Во меѓувреме Државниот инспекторат утврди дека докторот Асани имал прегледувал и на диво во својата ординација дома која не е регистрирана. Но министерот Венко Филипче не открива дали ќе го разреши поради скандалот кој предизвика остри рекации.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Дејан Дејан

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе