Вести Македонија

И уролозите кои сметаа дека Игор Спасов не може да се движи, а тој избега- го победија системот за правда во Македонија

Штипското обвинителство одлучи да не гони никој од лекарите во болницата во Штип кои лани летово му пишале наод на Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, по што Спасов избега надвор од државата.

По барање на обвинителството, Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ извршиле стручен надзор врз медицинската документација во Штип и утврдиле дека нема пропусти и Спасов навистина имал уролошки проблеми.

Во подготвувањето на документацијата, свое лекарско видување за Спасов доставил и негов близок роднина. Според медицинската документација, осудениот за убиството на Нешковски, го одолжил враќањето во затвор затоа што лекарите сметале дека поради здравствените проблеми и хируршката интервенција не може да се движи по што судот му издал дополнителни три месеци на слобода.

Иако Спасов имал задолжение преклани во септември да се јави во судот со нова документација за да се провери неговата здравствена состојба, тој не се пријавил во судот. Во штипскиот суд одлучиле да го почекаат терминот за враќање на Спасов во Идризово за еден месец, ни потврдија од прес службата на судот во октомври 2019-та.

Но, наместо да се врати во затвор, од лекарите прогласен за „тешко подвижен“ Спасов избегал во непознат период и во февруари оваа година е пронајден во Бугарија по што во понеделник е есктрадиран назад во татковината да дослужи преостанатиот дел од затворската казна (околу половина од 14 пресудени години).

По барање на судскиот совет беше отворена постапка која траеше од октомври 2019-та до март 2021-ва, а обвинителството не утврди пропусти во медицинските наоди кои довеле до судската одлука за продолжување на отпустот од затвор.

Нема постапки ниту за судот, ниту за останатите одговорни поради кои се случи бегството. Проблемот за пропустите кои го избегаа „болно-легнатиот“ Игор Спасов доби име- „нефункционалност на системот“.

-Прашањето е клучно и за тоа мора да се сноси одговорност, мора да одговори и обвинителот и судијата врз основа на кои процени е дозволено да му се направи прекин со судска одлука на издржувањето на казна затвор- изјави тогаш министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тогашната министерка за правда Рената Дескоска сметаше дека мора да има одговорност во судските редови.

-Не може да има гласност за тоа како тие ќе си ги делат парите внатре (во судството), туку самите треба да бидат свесни за сопствената одговорност. Дали станува збор за судија, кој го пуштил, не го пуштила Управата или кој било од Министерството надвор, го пушта судија во судска постапка-  рече поранешната министерка Рената Дескоска, во октомври 2019-та, по бегството.

Судскиот совет ја префрли постапката на медицинските лица со барање за проверка на документација, а сега, година и пол по бегството обвинителството одлучи дека нема одговорност за лекарите иако реалноста покажа дека Спасов успеал да избега надвор од државата, иако уролозите процениле дека не може да се движи и мора да седи дома наместо во затворска келија од каде исто така можел да оди на операција.

Најинтересно е што досега никој не провери дали пропишаната уролошка операција на Спасов воопшто била изведена или не, бидејќи тој не ги посетувал неговите уролози, а ниту во сдуот ниту во обвинителството немаат соопштено дали операцијата била изведена или не.

Во продолжение одговород од јавното обвинителство за прекинатата предистрага за медициснки лица:

Основното јавно обвинителство Штип донесе одлука дека нема место за јавнообвинителска интервенција во врска со донесените решенија за прекин на издржувањето на  казната на осудениот Игор Спасов од Штип, кој на 18 октомври 2019 година не се вратил на издржување на казната во КПУ Идризово откако му бил дозволен прекин со решение на Основниот суд Штип.

Јавен обвинител од ОЈО Штип достави наредби за преземање на мерки и активности во насока  на проверка на медицинското лекување на осудениот, да се прибави целокупната медицинска документација од Одделението за интерна медицина и од Одделението за урологија при Клиничка болница Штип. По барање на обвинителството, Министерството за здравство и Лекарската комора на РСМ извршија стручен надзор и доставија извештај до надлежното обвинителство. 

Имајќи го предвид утврденото,  јавниот обвинител кој постапува во предметот констатира  дека медицинската документација за осудениот е издавана согласно спроведените медицински прегледи и дијагностички процедури, врз основа на кои се донесени решенија за прекин на казната од страна на Основниот суд во Штип, по што обвинителството следствено ја донесе горенаведената одлука.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бектеши: Со вакви ултиматуми од ВМРО-ДПМНЕ преговорите со ВРЕДИ ќе пропаднат

Дејан Дејан

Заев, Русковска, Спасовски на листата од 32-ца за кои Боки 13 поднесе кривична пријава

Дејан Дејан

ГС на ОН изгласа резолуција со која се зајакнува позицијата на палестинската мисија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе