Ковид19 Најважни

Почна вакцинацијата на лекарите со “Спутник В”, ревакцинација со “Фајзер”

Во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје започна вакцинацијата против Ковид-19 со руската вакцина „Спутник В“.

Се уште се вакцинираат здравствените работници, кои се под висок ризик за инфицирање со Ковид-19.

Утринава со “Спутник В” биле вакцинирани 60-тина здравствени работници од Прилеп, како и вработени во Скопските клиники, кои работат со заболени од Ковид-19.

На три лица утринава не им било дозволено да се вакцинираат со “Спутник В”, заради можни контраиндикации. Една вакцинација не била дозволена заради вкрстена реакција и комплицирана алергиска асма и 2 доилки кои се уште ги дојат своите деца и тие биле упатени на вакцината на Фајзер.

Управителот на поликлиниката “Јане Сандански” , Боре Радевски, потврди дека се уште се спроведува вакцинација на лицата кои работат во Ковид центрите, на возраст од 27 години до 68 години.

Во поликлиниката Букурешт, пак, започна ревакцинацијата со вакцината на „Фајзер“.

Досега со втората доза биле ревакцинирани околу 100 медицински лица од болниците 8-ми Септември и инфективната клиника.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

„Нема да замолчиме, не ја штитете полицијата“ – пораки од денешниот Марш во Кочани

Дејан Дејан

Арсовска ги донесе доказите во обвинителството – дојде со документи за еден предмет, а најави уште 150

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе