Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на Ковид-19. Ова лидерот на опозицијата го објави денеска на својот официјален фејсбук профил, каде напиша дека по забележаните првични полесни симптоми, направил тест кој покажал дека е позитивен на вирусот Ковид-19.„
Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го поминам и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина! напиша на Фејсбук Мицкоски.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.