Вести Македонија Топ вести

Блокирани улиците низ Скопје – протест за „Монструм“

Почна протестот за случајот „Монструм“ откако пред три дена судот изрече три доживотни казни затвор, две затворски казни од 9 и 15 години и една ослободителна пресуда за случајот со петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Протестот започна од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Основниот кривичен суд, од каде што демонстрантите ќе маршираат кон Собранието, а ќе заврши пред Владата.

Учесниците на протестот бараат слобода за обвинетите, неправосилно осудени лица во предметот Монструм.

Од МВР најавија дека од 13 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „11 Октомври“, „Васил Главинов“, ВМРО, „Илинденска“, како и околните сообраќајници.

Протестите ги најавија роднините на првостепено осудените кои се жалат дека осудените се невини и осудени без докази.

Со првостепената пресуда која Основниот кривичен суд во Скопје ја изрече во вторникот (23 февруари) на доживотен затвор за тероризам беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири на 9, а Фејзи Азири на 15 години за помагање. Сами Љута доби ослободителна пресуда откако обвинителството се откажа од негово гонење поради немање докази за вмешаност во петкратното убиство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Скопје се одржа протест за кучето Феликс

Дејан Дејан

МВР: Одобренија за патување во странство за малолетни лица ќе се издаваат од 8 до 18 часот

Дејан Дејан

Алиу: Кочани ни е во фокусот, ќе имаме средби и со директорката на Општата болница и со повредените лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе