Македонија

Локалните избори на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври

Локалните избори во Македонија треба да се одржат на 3-ти, 10-ти или 17-ти октомври, соопшти денеска на средба со новинарите претседателот на Собранието Талат Џафери.

Деведест дена претходно тој треба да ги распише изборите односно во јули или најдоцна на 1 август, во зависност од датумот што ќе го договорат политичките партии.

Џафери предупредува дека доколку дојде до тоа паралелно да се одржуваат предвремени парламентарни избори, треба да се има предвид како тоа ќе се одрази на роковите за техничката влада, за кампањата и за увидот во избирачкиот список и како ќе се одрази врз работата на ДИК и соодветните институции.

За барањето на опозицијата за избори заедно со локалните, вели дека еден пратеник може да го поднесе предлогот и ако има соодветно мнозинство нека го изгласа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Праксата покажа дека најдобро е и за повредените и за семејствата сите следни фази од лекувањето да се одвиваат во Кочани, вели директорот на ФЗОМ

Дејан Дејан

Државата беше побавна затоа што мора да следи правила и процедури, вели Клековски

Дејан Дејан

Клековски: Сите трошоци за лекувањето се на товар на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе