Вести Македонија Топ вести

Ниту вакцините нема да ги вратат учениците во училиште до крајот на оваа учебна година

Вакцините за Ковид нема да го изместат распоредот на часови во оваа учебна година. Од Министерството за образование се потпираат на т.н. хибриден модел на настава и тоа до крајот на второто полугодие.

Дел од децата на онлајн настава, најмалите во училишните клупи.

Ова ќе продолжи сѐ додека Комисијата за заразни болести не каже дека е дозволено враќање на учениците во училниците – и покрај најавената масовна имунизација на населението.

„Изборот којшто го направи нашата држава за овој хибриден модел на дејствување на образованието покажа успех и за регионот и за светот. Тоа значи дека ние во моментов како Министерство за образование и наука, а и Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство – одлучивме второто полугодие да го започнеме на истиот начин исто како што го завршивме и првото полугодие. Сѐ додека нема друга промена на ситуацијата, дотогаш остануваме на истиот модел. Доколку има промена и имаме дозвола од Комисијата за заразни болести, понатаму ќе може да дискутираме за истото прашање. Во овој момент дискутираме дека овој модел треба да остане во пракса“ ИЗЈАВИ МИНИСТЕРКАТА ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА, мИЛА цАРОВСКА.

Во дел од основните училишта во Скопје, родителите на родителски состаноци деновиве добиле информации дека доколку поради обврски не можат да ги чуваат децата, целодневниот престој од 8 до 15 часот повторно им е опција од први март.

Не е тоа никаков новитет и за сега нема никакво релаксирање на мерките, уверува Царовска.

„Секоја општина има можност да го организира образованието на свој начин во овој дел и тоа беше и препорака на Комисијата за заразни болести. Доколку имаат соодветни услови, имаат капацитет и човечки потенцијал, заради немешање на групите, може така да функционираат. Во моментов не дискутираме за олабавување на мерките туку зборуваме за имплементација на нешто коешто било овозможено уште на почетокот на учебната година“ изјави Мила Царовска.

Дополнително, од Министерството за образование информациите се дека наскоро ќе бидат објавени огласите за експертите да се вклучат во подготовка на наставните програми за прво и четврто одделение од најавуваната Концепција за реформи околу која имаше и многу реакции во јавноста.

За неа се одржа и јавна расправа во Собрание со професори, преставници на МАНУ и експерти за реформи.  

Петар Догов

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Масовен израелски напад на Иран, бомбардирани над 100 локации – Иран најави жесток одговор

Дејан Дејан

Иран спроведува воени вежби во услови на тензии со Израел

Дејан Дејан

Напаѓачот во училиштето во Грац бил прогласен за ментално неспособен за воена служба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе