Свет Топ вести

КОВАКС конечно ги достави првите дози на вакцината

Ковакс системот на ООН конечно профункционира. Гана е првата земја која доби вакцини против Ковид-19 од програмата на Светската здравствена организација.

Пристигнувањето на 600.000 дози од вакцината на АстраЗенека во главниот град Акра, СЗО и УНИЦЕФ го оценија како монументално.

Програмата на СЗО која ветува рамноправна распределба на вакцините за посиромашните земји, со месеци е подложена на жестоки критики поради доцнењето и неможноста да ги обезбеди ветените дози.

Генералниот директор на СЗО за потфрлањето на Ковакс системот ги обвини богатите земји кои вакцините ги набавувале директно од производителите со што го ограничувале бројот на дози кои би му биле достапни на Ковакс.

„Дури и да ги имаме средствата, можеме само да купиме вакцини за посиромашните земји ако богатите земји соработуваат почитувајќи ги веќе постоечките договори на Ковакс како и новите кои се прават. Тука не се работи за милосрдие, тука се работи за епидемоилогија. Ако не и ставиме крај на епидемијата насекаде, нема да и ставиме крај никаде.“ – изјави Тедрос Аданом Гебрејесус.

Дистрибуцијата на вакцините против Ковид претходно ја критикуваше и Генералниот секретар на ООН, кој рече дека 75 проценти од достапните вакцини биле набавени од само 10 земји.

„Испораката на Ковид вакцините дава надеж, но во овој критичен момент, рамноправноста е најголемиот морален тест за глобалната заедница. Мораме да се осигураме дека секој, секаде ќе биде вакциниран, најбрзо што може.“ – вели Гутереш.

Ковакс системот беше воспоставен од СЗО, Гави алијансата за вакцини и Коалицијата за иновации за епидемиолошка подготвеност, со цел да им помогне на сиромашните земји побрзо да добијат вакцини.

Програмата е дизајнирана така што богатите земји финансиски ќе помогнат за и посиромашните земји добијат пристап до вакцините.

Целта на Ковакс е до крајот на оваа година да распредели повеќе од 2 милијарди дози во 190 држави, односно да обезбеди пристап до вакцините за 92 сиромашни земји, во исто време кога и 98-те богати земји ќе ги набават за себе.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Во сабота во Градски парк настан на кампањата „Крени глас“ на Макпетрол – „Со позитивна енергија против врсничко насилство“

Дејан Дејан

Билатералните теми да не бидат пречка на европскиот пат, вие имате уште реформи – пораки на Мајнл–Рајсингер, МНР на Австрија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе