Македонија Топ вести

Русковска: Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор за Мијалков

Обвинителката Вилма Русковска вечерва изјави дека ќе се размисли дали ќе побараат затворски притвор за Сашо Мијалков, но посочи дека тоа што сам се пријавил е олеснителна околност.

Тој прати порака преку други луѓе дека сака да се пријави, но само во ОЈО. Се консултирав со јавниот обвинител дали да се пријави во полиција. Тој рече дека може да се пријави и кај нас. Мене колку што ми е познато од разговор со претседателот на Судот во претпладневните часови, самиот претседател замоли жалбата да биде повлечена, зашто решението до тогаш не беше спроведено. Да не се губи време и да се поднесе барање на мерка притвор. И Јовевски се согласил. Ќе размислиме дали да побараме затворски притвор. Цел ден беше бурен. Со колегите ќе одлучиме, но сепак олеснителна околност е што сам се пријави. А, решението на Мијалков не му беше врачено. При разговор со неговиот адвокат констатиравме дека направил грешка што не се пријавил и не го примил решението. Апсолутно не верувам дека бил болен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени уште 13 полициски службеници за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Изгаснат пожарот на „Вардариште“

Дејан Дејан

Телефонската линија 192 за пријавување во полиција е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе