Вести Македонија Топ вести

Русковска не чувствува одговорност за бегството на Сашо Мијалков

Дознала и веднаш пријавивла дека Мијалков е во план да бега. Ова е една од причините поради која шефицата на обвинителството за гонење организиран криминал Вилма Русковска не чуствува одговорност за она што се случило. Кој бил нејзиниот извор не кажува, но вели дека не се информирала од социјалните мрежи каде веќе во саботата попладне е објавена таква информација. Според обвинителката единствено законско решение во тој момент било да пријави во полиција, да добие повратно службена белешка со која пред судот ке бара да му биде одреден притвор. Тоа траело повеке од 24 часа а Русковска вели дека за сега е рано да се лоцира било каква одговорност.

Русковска за Телма потврдува дека не била повикана на денешниот состанок во Владата каде се бараа одговори за она што се случува но и за понатамошната истрага. Вели не е вклучена во откривањето на начинот на кој е избеган Мијалков бидејќи тоа е надлежност на Скопксото обвинителство, и покрај тоа што токму нејзиното обвинителство ја водеше истрагата кога избега Груевски. Вели има разлика во тоа што сега се уште не е ни потврдено дека Мијалков ги има поминато границите на државата. Не гледа причини да истражува ниту дали можеби се работи за политички договор оти не верува во такво нешто а нема ниту сомнежи за ова.

Според Русковска, Обвинителството за организиран криминал не побарало полицијата да го следи Мијалков. Од МВР пак вчера се правдаа дека не можеле да го следат без налог, но ако се погледне соопштението сепак Мијалков бил следен во часовите пред неговото бегство. Смета дека се друго што би превземале како обвинителство би било незаконско. Пресудата за предметот Таргет Тврдина е в петок и не сака да каже каква одлука очекува. Сепак вели дека  обвинителството во оваа фаза од постапката не може да побара ниту замрзнување ниту конфискација на неговиот имот.

Билјана Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе