Вести Македонија Топ вести

Кинеските вакцини ќе стигнат во следните денови – за руската вакцина нема информации

Најмногу уште пет дена ќе чекаме кинеските вакцини да бидат донесени на скопскиот аеродром. Здравствените власти и денес го повторија ветувањето дека двесте илјади вакцини на „Синофарм“ ќе пристигнат по кинеската Нова година, или со други зборови – до крајот на месецов.

Првите лица во здравството говорат за илјадници дози вакцини од различни страни, но Македонија засега ја има само пратката од Србија со којашто се вакцинираат лекарите и медицинскиот персонал од земјава.

За руската вакцина нема никакви дополнителни информации освен само кратката изјава на премиерот дека дал насока за нарачка на дози од „Спутник“.

„Јас можам да Ви кажам за кинеската вакцина дека се очекува следните денови односно до крајот на месецот, такво е ветувањето. За руската вакцина не можам да ви дадам информација затоа што ниту ние немаме некаква конкретна информација кога може да стигне таа работа. Бидејќи сме на прагот на март, се очекува месецов да добиеме вакцини преку Ковакс-механизмот. Бројот на вакцините е 20% од вкупната количина којашто е договорена – значи некаде помеѓу 20 и 40 илјади вакцини треба да пристигнат“ ИЗЈАВИ Д-Р. Илир Хасани, Заменик-министер за здравство.

Денес заменикот-министер и самиот ја прими првата доза од вакцината во скопската модуларна болница.

Тој е еден од 1300 здравствени работници кои досега ја примиле вакцината.

За сега на нив достапна им е само онаа на „Фајзер“, а за вакцините на другите производители ќе следи и обука за кадарот којшто вакцинира во болницата.

 „Општо за секоја вакцина која и да е, во нашата држава, постојат обуки и тие се спроведуваат преку Министерството за здравство. Во однос на обуката, има посебни спецификации коишто ни ги дава самиот производител за чувањето и за аплицирањето на вакцината“ изјави д-р. Даниела Марковска, специјалист.

Докторите кои го спроведуваат процесот на вакцинација во модуларната болница не сакаат да претпоставуваат кога би завршиле со аплицирање на сите достапни дози засега. Велат дека работат со полно темпо, во две смени.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зачуван статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство

Дејан Дејан

По пожарите: Полицајци, пожарникари и возач на итна медицинска помош биле хоспитализирани на Токсикологија

Дејан Дејан

Суспендирана директорката на ССКМ поради сомнеж за фалсификат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе