Откако поранешниот директор на УБК ненадејно, сам се појави пред канцеларијата на Русковска, премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи се пофали дека како резултат на преземената акција „правдата е обезбедена“ а обезбеден бил и притворот на Мијалков.
После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто! напиша тој.
Заев посочува дека ќе следува и негова изјава за медиумите за што јавноста дополнително ќе биде информирана.