Македонија

Оризопроизводителите бараат итни субвенции но и решавање на наталожените проблеми

Блокирајќи ја едната коловозна лента на патот Штип- Кочани, оризопроизводителите порачаа дека под итно им требат субвенциите, но и да се решаваат натоложените проблеми.

Алармираат дека не можат да преживеат, бидејќи цената и на оризовата арпа и на белиот ориз деновиве е на најниско ниво.

Оризопроизводителите пред стартот на сеидбата велат дека Водостопанство им бара да си ги платат долговите за наводнување, а тие немаат пари поради ниската цена и неисплатените субвенции.

Прилепските тутунари денеска им дадоа поддршка на своите колеги. Оризопроизводителите бараат ресорниот министер, но го канат и премиерот, Зоран Заев да дојдат и на лице место да ги видат проблемите. Доколку  немаат слух најавуваат протести секоја недела.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мапи со горливи точки објави ЦУК – централниот дел на земјава под висок ризик од пожари

Дејан Дејан

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе