Жените не и веруваат на полицијата и не пријавуваат бидејќи во оваа институција има практитка на непостапување и релативизирање на траумите на жртвите, а насилниците наместо со пријви за сериозни кривични дела се соочуваат со прекршочни казни или опомени. Ова е ставот на невладините организации кои денеска повторно излегоа на протест пред МВР со конкретни барања и ултиматум – кривични пријави за скандалот „Јавна соба“ или протести кои ќе почнат од 8-ми март.
Освен пријавите за предаторите од „Јавна соба“ невладините бараат и прочистување на МВР од полициски службеници кои сториле семејно насилство, носење на внатрешен правилник за санкционирање на полицајците кои не презеле никакви мерки или пак непрофесионално ја извршувале својата работа во случаите на родово насилство.
Една година траеше предистрагата на Обвинителството која, веднаш по протестот на невладините кој заврши токму пред нивните канцеларии, резултираше со обвинение за креаторот и администраторот на групата „јавна Соба“ која беше откриена и затворена лани. Станува збор за 32 годишниот скопјанец под псведонимот „Медо“ кој ја креираше групата и 21 -годишно момче кои завршија во притвор, а обвинителството ги товари за производство и дистрибуција на детска порнографија дело за кое е предвидена минимална затворска казна од пет години.
Огнен Чанчаревиќ