Вести Свет Топ вести

Америка заледена од арктички температури кои зедоа над 20 жртви

Снежната бура која ја зафати Америка донесе брутално ниски темепартури, но и ледени ветрови, мраз и снег со кои Американците не се соочиле во изминативе 50 години. Студот досега однесе најмалку 21 жртва. Најмногу се бездомници кои немале каде да се стоплат, но дел од починатите се и луѓе кои за да се загреат седат во автомобилите со вклучен мотор во гаражите. Мајка и ќерка починале од труење со јаглероден моноксид. Десетгодишно дете играјќи паднало во заледено езеро, не успеле да го спасат.

Суровоста на мајката природа го погоди и најголемиот производител на струја во САД, сојузната држава Тексас. Далноводите се замрзаа, а веќе втор ден четири милиони домаќинства  и бизниси се без електрична енергија. Во болниците се поставени 60 генератори, а државата отвори и 35 засолништа со капацитет од илјада луѓе. Голем дел од куќите во Тексас не се дизајнирани да ја задржат топлината, луѓето се обидуваат да се снајдат , но се немоќни пред студот.

Снемавме струја вчера утрото, куќата почна да се лади околу 2 часот, извадивме ќебиња, се обидовме да спиеме заедно за да се стоплиме, дојдовме до колите да ги наполниме телефоните, а денеска кога станавме гледаме дека нема ниту вода.

Во обид да се загреат четиричлено семејство предизвикало пожар во домот. Загинале сите, јавија медиумите. Починати има има во Луизијана, Кентаки и Мисури. Загинатите се жртви или на сообраќајни несреќи или на труење со јаглерод моноксид.

Северна Каролина беше погодена од снежно торнадо. Властите велат дека не добиле никаква најава, се случило се одеднаш, а луѓето спиеле. Тројца загинале.

Зборувавме со нашите партнери, Државниот сервис за временска прогноза, и тие беа изненадени колку брзо оваа бура се интензивираше. Обично, не се соочуваат со вакви нешта. Затоа, немавме некое предупредување.

Во Чикаго има снежна покривка од 46 сантиметри, училиштата се затворени, а наставата се одржува од далечина. Снег има дури и на брегот на Мексиканскиот залив. Снежното невреме ја загрозува програмата за имунизација на коронавирусот, поради што можно е да се одложи снабдувањето со вакцини. Обично топлите градови во зима сега се соочуваат со температури од минус 40 степени. 150 милиони Американци се предупредени за екстремно студено време од Канада до Мексико.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе