Вести Македонија Топ вести

Хуманитарецот Ѓеорѓиевски изгради нов дом за самохрана мајка на три деца

28 – годишната Елена Манасиева и нејзините три дечиња на возраст од два месец до четири години за 25 дена добија нов дом. Хуманитарецот Александар Ѓеорѓиевски, која на македонската јавност и е познат по голем број на хуманитарни акции, а како поранешен пожарникар учествуваше и во спасување на луѓе во земјотресот во Хрватска успешно ја заврши и оваа мисија. За случајот дознал преку статус на социјалните мрежи. Откако и лично се уверил во какви услови живеат, за неполн месец со мајстори и донации од малите и средните фирми го изградија домот на ова семејство.

Децата на Елена веќе нема да се капат во корито или по надвор. Лани поради неуранетост и премрзнатост едно од нејзините рожби и починало. Среќна е што од денеска ќе влезат во новиот дом.

Живее со социјална помош и детски дототок, скромните примања и одат за плаќање на сметки за струја. На оваа жена потребна е и елементарна помош во храна и облека, а поранешниот штипски пожарникар Александар најавува дека по оваа завршена мисија ќе следи и нова, но смета дека е неопходна и поддршката од медиумите, но и од големите компании, кои ретко донираат.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ЕКО) Феминизам во пракса

Дејан Дејан

Собранието го изгласа Азир Алиу за нов министер за здравство

Дејан Дејан

Младите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се скараа за пиротехниката

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе