Пет години, 3 комплексни системи за следење комуникации, 4200 броеви – 20 илјади „жртви“ на масовното нелегално прислушкување во МВР. Ова не е сценарио за филм туку обвинение кое успеавме да го поткрепиме со сведоци и докази порача обвинителката Ленче Ристовска во завршните зборови во процесот „Таргет- Тврдина“ по безмалку 4 години истрага и судски рочишта. Неказнивоста за вакви дела во минатото е причина за дрскоста на оваа група да упаѓа во приватноста и да уништува туѓи животи порача Ристовска со последните реченици од 6 часовното излагање.
Поранешниот директор на УБК предводел ,а 11 тмина од злостороничката група го следеле во намерите да издејствува бизнис корист, да креира јавно мсилење за потребите на партијата ВМРО- ДПМНЕ и полесно да се пресметува со политичката конкуренција следејќи ги телефоните на повеќе од 4000 луѓе, со комплексните уреди на МВР, но и од неговата канцаларија ,се само детали од долгогодишните активности на директорот Мијалков.
Сашо Мијалков, Горан Грујевски како началник на петта управа, Гродана Јанкуловска, Тони Јакимовски од МВР, Никола Бошковски во бегство со Грујовски во Грција, и уште шестмина вработени во УБК треба да добијат максимални затворски казни. Нивната вина е докажана благодарејќи на сведоците Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски кои со години извлекувале докази и аудио снимки и ги предавале на нивниот поранешен шеф, а во 2015-тата партиски функционер на СДСМ, Зоран Верушевски. Понатаму Ристовска побара од судот максимални затворски казни, а на нејзините завршни зборови одбраната ќе се спротистави до крајот на неделата по што ќе следи и пресуда за една од првите истраги и процеси на поранешното специјално обвинителство чија што примарна цел а и назив беше токму вистината за масовното нелегално прислушкување.
Павле Беловски