На 28-ми март, неколку стотини делегати ќе се соберат во салата „Борис Трајковски“ за да го одржат 17-от, вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ. Според најавите на Иницијативниот одбор, ќе присуствува мнозинството од делегатите кои пред нешто повеќе од три години, на исто така вонреден конгрес, но во Валандово, го избраа Христијан Мицкоски за лидер. Деталите за овој конгрес и неговото мото ќе бидат соопштени в сабота пред дел од делегатите.
Коневски и други поранешни функционери и членови на ВМРО-ДПМНЕ, му забележуваат на Мицкоски дека нема јасен став за круцијални прашања како што се референдумот и пописот, дека избегал од изборите во Штип, а истовремено, поттикнува навреди и клеветења на поранешните партиски функционери кои не се согласуваат со него, како давеник кој се држи за сламка за да остане лидер.
Во ВМРО-ДПМНЕ велат дека се во врска со Иницијативниот одбор веќе е кажано. Најавите за вонреден конгрес ги сметаат за манипулација со делегатите и можност за прочистување на партијата од криминални структури кои бараат спас од кривичен прогон. Минатата недела, Централниот комитет донесе одлука на крајот од ноември да се одржи редовен конгрес.
Соња Николовска