Вести Македонија

Државата има пари за избори со fingerprint

Државата има обезбедено пари за воведување нов начин на гласање. Министерството за финансии позитивно одговори на барањето на ДИК да се обезбедат пари за хардвер, софтвер, терминали, обуки и други алатки неопходни за проверка на идентитетот на гласачот преку отисок од прст.

Проценките на ДИК, направени врз основа на разговори со домашни и меѓународни експерти, се дека оваа новина во гласањето ќе чини 300 милиони денари. Оваа недела, вели претседателот Александар Даштевски, ќе се одржи средба со МВР, која е единствената институција што има база на податоци со отисоците од прсти. Министерството ќе треба тие податоци да ги внесе во електронските избирачки списоци и да ги направи употребливи за техничката опрема што ќе се наоѓа на секое избирачко место. Даштевски верува дека има време за реализација на оваа нова законска обврска.

Локалните избори треба да се одржат во октомври. Наместо спреј и уве ламба, секој избирач ќе биде проверен со посебна техничка опрема која треба да покаже дали лицето има право на глас, дали се наоѓа во избирачкиот список и дали веќе гласало на друго место. Терминалите ќе алармираат за секое несовпаѓање на личните податоци, фотографиите и отисоците од показалец, кои се депонираат во МВР при апликацијата за лична карта.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски го бранеше својот предлог како одличен кадар за министерската позиција во здравство

Дејан Дејан

Земјоделците од Струмичо почнаа да ги санираат штетите од невремето

Дејан Дејан

Реакции од поранешните сопартијци на Алиу за министерската позиција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе